• Престој на странец е место каде што странецот престојува на основа на виза, безвизен престој или привремен престој.
• Пребивалиште на странец е место каде што странецот со одобрен постојан престој во БиХ се насели со намера да живее постојано во него.
• Странец кому е одобрен привремен престој е должен да ја пријави и одјави престојната адреса, како и промената на адресата на станување, а странец кому е одобрен постојан престој и пребивалиште.
• Пријавите и одјавите се поднесуваат до надлежните организациски единици Службата за работи со странци или полицијата. Кога е пријава или одјава поднесена до полицијата, полицијата е должна да достави копија од пријавата до надлежната организациска единица.
• Службата за работи со странци е должна да ги процесира пријавите во рок од 24 часа од приемот на пријавата.
• Странец кому му е одобрен постојан престој е должен да ја пријави својата адреса на живеење и промена на адресата на станување во рок од осум дена по приемот на одлуката за одобрување на постојан престој, односно по пристигнувањето на местото на пребивалиштето, односно по промената на адресата на станување.
• Странец кому му е одобрен привремен престој е должен да ја пријави својата адреса на престој и промена на адресата на станување во рок од 48 часа по приемот на дозволата за престој, односно по промената на адресата на станување.
• Правни и физички лица кои нудат сместување се должни да ја пријават адресата на престој на странците најдоцна во рок од 12 часа од моментот на обезбедување на сместувачката услуга. Ова се однесува и на здравствените установи, бањите и други институции кои примаат странци на лекување, домовите за стари лица, институции кои обезбедуваат сместување на лица со посебни потреби, студентски и училишни домови и слично, ако странците престојуваат со виза или безвизен престој и слично.
• Странец кој не користи сместување преку правни и физички лица, или физички лица кај кои странецот е на посетa, е должен да ја пријави неговата адреса на престој во БиХ на надлежната организациска единица во рок од 48 часа од влезот во БиХ ако странецот ќе престојува повеќе од три дена.
*Податоци преземени од официјалната страница на Министерството за внатрешни работи на Република Српска.